Вчера попладне, во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека кај село Оптичари, битолско, на патот Битола-граница со Република Грција, патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот Т.Н. од Битола, излетало од коловозот, извести МВР.
– Во несреќата, сопатничката З.П.(84) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, соопшти МВР.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.