– На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 164 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека санкционирани се 88 возачи кои возеле побрзо од дозволеното и 12 возачи под дејство на алкохол. Казнети се и 11 возачи кои возеле без возачка дозвола, како и шест возачи на мотоцикли.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за минување на црвено светло.