Во Скопје санкционирани 218 возачи, 68 за брзо возење


policija-radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со сообраќајните контрли, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, изречени се шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци…


МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK