Во Скопје полицијата изрече 159 сообраќајни прекршоци, 40 за брзо возење

mvr_stop_345345435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола и две санкции за возење под дејство на алкохол.







Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за непрописно престројување, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Полицијата соопшти дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и упатува апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK