Во Скопје 173 сообраќајни казни, 46 за брзо возење

stop_34543535444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– На територија на Град Скопје вчера во спроведените сообраќани контроли изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 18 мерки за возење под дејство на алкохол.

Од МВР денеска информираа дека се изречени шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло)…


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK