Пет лица од Непал кои работеле во приватна фирма во Охрид, се пријавени за исчезнати од страна на нивниот работодавец, соопшти МВР.
-Вчера во 11.35 часот во СВР – Охрид, В.С., 43-годишен охриѓанец, пријавил дека петмина – негови вработени лица од Непал, со привремен престој во градот, на возраст од 19 до 27 години, се оддалечиле од местото каде престојувале, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.