Полицијата вчера изврши акциска контрола во угостителски објект во селото Неготино, во околината на Гостивар.
При акциската контрола, внатре во објектот полициски службеници од ПО Галате, по судска наредба го привеле А.Х.(40) од с. Неготино, кој бил баран за издржување на затворска казна, и тој е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
Потоа, во 01.20 часот во близина на угостителскиот објект бил лишен од слобода С.Т.(24) од с. Неготино, кој бил баран за мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. Тој е предаден Во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката.
Исто така во 02.00 часот во објектот била затекната и приведена Л.Н.(40) од Р. Албанија, која го злоупотребила туристички престој, односно престојувала спротивно на целта. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка.