Во кумановската болница почина мигрант кој претходно бил прободен со остар предмет

куманово
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во кумановската болница утрово почина мигрант откако претходно бил повреден со остар предмет.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, лицето утрово било пронајдено во атарот на кумновското село Речица со повреди од остар предмет.


Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07:45 часот починало.

– Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK