Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња


pozarna-skopje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Непознато лице ноќеска фрлило две запалени стаклени шишиња кон семејна куќа во Ѓорче Петров при што настанал пожар кој бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема.


Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен информира дека случајот е пријавен во 03:22 часот од страна на 49-годишна жена.

– Едно од  стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано товарно возило,  а второто паднало на тераса од куќата и предизвикало пожар. Пожарот бил  изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема, информира МВР.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK