Над 140 пакувања дрога биле најдени при претрес во домот на 54 годишна скопјанка (Р.Џ.)
Од МВР информираа дека при претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари.
„Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје“, соопшти полицијата.
Против неа е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија и е определена мерка притвор во траење од 30 дена.