(Видео) Серија претреси, пронајдено оружје, приведени шест лица

Тепачка во Сарај меѓу две фамилии, биле употребени и тврди предмети
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во посебни акции, полициски службеници извршија претреси во Виница, Македонски Брод, Дебрца, гостиварско и гевгелиско, при што се приведени шест лица и пронајдени се пиштол, три ловечки пушки, четири воздушни пушки, муниција и други предмети. Во еден од претресите, во Виница пронајден е пиштол, а во друг претрес во с.Калиште, општина Врапчиште, пронајдени се две ловечки пушки и муниција.


Во продолжение сите случаи подетално:

Вчера околу 16.00 часот во с.Калиште, општина Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(47) од с.Калиште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Сухл“ калибар 12мм со 23 патрони калибар 12 мм и ловечка пушка-пумпарица без потребните документи. Ф.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп при СВР Битола ги лишиле од слобода М.Т.(35), М.М.(45), двајцата од с.Брезница, општина Македонски Брод и Б.С.(44) од с.Сарандиново, општина Долнени. При претрес во куќа во с.Тажево, општина Македонски Брод, која ја користи Б.С.(44), извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми и патрони со различен калибар, ловечки ножеви, како и различна опрема за оружје. Инаку, во куќата биле затекнати М.Т. и М.М., кои изјавиле дека биле пратени од Б.С. да ги отстранат од куќата и да ги однесат на друго место. Додека, при претрес во куќа во с.Сарандиново, сопственост, на Б.С., биле пронајдени и одземени фалсификувана службена легитимација и други предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(41) од селото Ботун, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „Црвена застава“ и 15 куршуми различен калибар, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишија од слобода Г.Д. (37) од село Мрзенци, гевгелиско. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири воздушни пушки, 184 куршуми со различен калибар, два патрони за ловечка пушка и една чаура. Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во периодот од 12.30 до 14.30 часот, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Виница извршиле претрес во домот и други простории на Џ.Р.(60) во Виница и во с.Градец, виничко. При претресот, извршен во присуство на неговата сопруга и неговиот брат, бил пронајден и одземен пиштол „Валтер“ калибар 4.5 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK