(Видео) Голема акција на Богородица: Запленети 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, приведен возачот на камионот


zaplena-bogorodica-juli.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари.


Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK