Триесет и петгодишниот тетовец К.А., вчера во 13 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути на тротоар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, врз него паднал Ќ.С.(57) од Тетово, кој управувал велосипед.
Притоа, К.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Според полицијата, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.