­

Управувал возило под дејство на алкохол и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка


policija-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик.


Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. Додека, по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK