Во полициската станица Гевгелија вчера во 17.05 часот било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија, Р.И.(69) од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.