Украина во дефанзива кај Купјанск, постепено напредува околу Бахмут

bahmut
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина денеска соопшти дека нејзините сили се во дефанзива против руските сили во близина на Купјанск на истокот од земјата додека нејзините војници напредуваат во областа Бахмут.







„Два последователни дена непријателот активно напаѓа во секторот Купјанск во областа Харков. Ние сме во одбранбена позиција“, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Гана Маљар.

Таа додаде дека има жестоки борби и дека позициите се менуваат неколку пати на ден.

Украина соопшти дека нејзините војници напредуваат и кон источниот град Бахмут, за кој Русија објави дека го освоила во мај.

„Постепено напредуваме во регионот Бахмут. Се остварува секојдневен напредок на јужното крило околу Бахмут. На северното крило се обидуваме да задржиме позиции додека непријателот напаѓа“, напиша Маљар на Телеграм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK