Уапсени двајца од Тетовско, биле затекнати како бесправно сечат букови стебла

Уапсени-двајца-од-Тетовско-биле-затекнати-како-бесправно-сечат-букови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера во 15 часот и 30 минути ги лишиле од слобода 60-годишниот М.Р. и 58-годишниот З.И., двајцата од тетовска Шипковица, извести СВР Тетово.


„Тие биле затекнати во месноста „Студена река“, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла“, соопшти СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK