Полицијата уапси двајца криумчари на мигранти од Косово, а Судот им определи мерка притвор од 30 дена.
Според информациите на МВР, вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници ги уапсија А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово.
Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум лица мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Тие се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во во Центар за баратели на азил во Визбегово-Скопје.