Уапсена 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода


592916582_1153899923587200_1043140546905829640_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата уапси 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода.


Вчера во 10:30 часот, полициски службеници ја уапсија Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово.

При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK