Уапсен разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувалници

1-1-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот С.А. од Тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел, извести МВР.



При преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK