Уапсен маж од Косово, во возилото кое го управувал биле пронајдени 10 мигранти од Сирија

Кривична-против-28-годишник-со-криминални-групи-од-Турција-Бугарија-Србија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 16.15 часот во близина на селото Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 61-годишниот У.Х. од Косово, извести МВР.


При преглед во возилото „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија.

Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK