Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во општина Тетово

opshtina-tetovo.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје.


Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK