Уапсен лихвар од Кичево: полицијата пронашла пари и злато во неговиот дом

Скопјанец-се-обидел-да-ограби-златара-во-Центар-–-полицијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15.30 часот  во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.


Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што билепронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK