Уапсен гостиварец, осомничен дека силувал малолетничка

337484949_3603490716552034_6153456077074329440_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска околу 10 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот гостиварец А.Н., извести СВР Тетово.


– Тој се сомничи дека на 26-ти јуни годинава извршил обљуба врз малолетничка, инаку роднина на неговата сопруга, соопшти СВР Тетово.

Гостиварецoт А.Н. е задржан во Полициската стница Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK