Уапсен државјанин на Албанија, криумчарел мигранти од Сирија, Либан и Иран

Спречен-нелегален-влез-на-шест-мигранти-од-Ирак-запленета-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 00.15 часот во близина на село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 28-годишниот М.Е. од Република Албанија.


Во наведеното време, со возилото „хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и се дал во бегство.

При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK