Денеска во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 22-годишниот С.А. од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, извести МВР.
„При преглед кај него биле пронајдени марихуана, таблети, различен накит и банкноти во различни апоени. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесе соодветна пријава“, соопшти МВР.