Вчера вечер во 22.00 часот на автопатот А1, кај место викано „Остово“, велешко, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 21-годишниот Х.Ѓ. од Гевгелија, извести МВР.
– Тој бил баран со две централни потерници врз основа на наредби од Воспитно – поправен дом од Тетово поради бегство и на ОЈО ГООК Скопје за издржување на мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.