Ноќеска, половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 20-годишниот Е.И. од гостиварско село, извести СВР Тетово.
„Тој бил пријавен од неговиот 50-годишен татко дека, по претходна расправија во семејниот дом, со остар предмет му се заканил нему и на братот на Е.И.“, соопшти СВР Тетово.
Задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.