Три случаи на каснување од куче скитник се пријавени вчера во полициските станици во Скопје.
Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, 52-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 39-годишниот Д.Ш. од Скопје пријавил дека на улицата „Хаџи Јован Шишко“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, 69-годишниот З.А. од Скопје пријавил дека на улицата „Индира Ганди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.