Вчера во Скопје секторот за внатрешни работи казни 103 лица за сообраќајни прекршоци.
„На територија на град Скопје вчера изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопшти Министерството за внатрешни работи
.Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесат за посигурни патишта.