Триесетгодишник ја силувал поранешната девојка во Тетово – ја следел кога се враќала од работа, па ја нападнал

tragedija-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тетовското обвинителство отвори истрага против 30-годишник поради силување.



Во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, тетовецот нападнал жена со која до неодамна бил во врска.

„Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја влече на сила. Спротивно на нејзината јасно изразена волја и со закана дека непосредно ќе нападне врз животот на оштетената, тој ја принудил на сексуални односи“, велат од обвинителството.

Бидејќи се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK