Вчера во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Индустриска“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот П.Х. од село Сопот, кумановско и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот Н.С. од село Романовце, кумановско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.