Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 17 часот и 30 минути ја лишиле од слобода 38-годишната тетовка А.Н., извести СВР Тетово.
– Таа била пријавена од нејзината 64-годишна мајка дека физички ја нападнала во објектот во кој работела, додаваат од СВР Тетово.
Тетовката А.Н. задржана е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе се соочи со поднесок.