Тетовец украде чанта од жена на улица, приведен е

Напаѓале-и-краделе-чанти-Малолетници-од-Прилеп-осомничени-за-неколку.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На улица Маршал Тито во Тетово, полицијата го приведе А.С.(35) од Долно Палчиште.



Тој се сомничи дека претходниот ден на улицата Борис Кидрич во Тетово извршил дрска кражба, при што на П.Ц.(32) од Тетово ѝ одзел чанта со пари и лични предмети. При преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризла и украдените работи, кои подоцна биле вратени на оштетената П.Ц..

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK