Осумнаесетгодишниот тетовец Ш.И., вчеравечер (14 февруари) во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово околу 21 часот физички бил нападнат од неколку лица.
Претходно, тој со неговото патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки удрил во малолетно лице и кога излегол да види што се случило уследил нападот.
Малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. Се расчистува и документира случајот.