Вчера на улицата Љубо Божиновски – Пиш во Тетово, патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33), удрило во малолетен пешак од градот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово, објави МВР во дневниот билтен.
Извршен бил увид.