Тетовец слушнал како планираат да му постават бомба во куќата: уапсен 52-годишен маж од Тетовско

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово во 03.20 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц.(52) од с.Мала Речица, тетовско.



Тој бил пријавен од лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа, а околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати.

Г.Ц. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK