Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „2“ во населбата Илинден во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Б.И. и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот Е.Ш., двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од мопедот Е.Ш.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Е.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.