Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен ксара“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот С.О. од Кочани и патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот З.К. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.К. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштуваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.