Вчера во 10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната М.А. од гостиварско Врапчиште и мотоцикл „хонда“ со гостиварски ознаки што го управувал 65-годишниот гостиварец С.Ц., извести СВР Тетово.
– Во несреќата С.Ц се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.