Тешко повреден мотоциклист од Штип, се судрил со „опел“ на патот Куманово – Свети Николе

Motorcycle.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 12.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, во атар на село Орашец, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Т.С. од Куманово и мотоцикл „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 47-годишниот Д.Ч. од Штип, извести МВР.



„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово“, велат од МВР.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK