Вчера во 03.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Муртино, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Р.Р. од село Муртино, излетало од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.