Tешка сообраќајна несреќа пред влезот на Гостивар, загинаа две лица

policija-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечерта во 21:20 часот на СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле две лица. Се судриле патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички. Една од жртвите починала на местото на настанот, а другата во болницата во Гостивар.


„Синоќа во 21:20 часот на СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка „БМВ“ управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и тешко товарно возило „сканија“ со косовски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Б.Х. кој починал на лице место и сопатничката Т.Р. (53) од Гостивар, која по несреќата била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде им подлегнала на повредите и починала. Возачот на камионот се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Гостивар заедно со Јавен обвинител“, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK