Тешка сообраќајка кај Оровник: загина 83-годишен возач од Охрид


pat-podmolje-ohrid-del-od-Kichevo-Ohrid.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа на магистралниот пат Охрид–Кичево, во близина на селото Оровник, општина Дебрца, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 83-годишен охриѓанец.


Во несреќата учествувале две патнички возила – „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Б. (83) од Охрид, и „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од А.М. (36) од селото Синичане, општина Боговиње.

Според информациите од СВР Охрид, возачот на „цитроенот“ починал на самото место, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле и возачот на „ауди“-то, А.М., како и неговиот сопатник Б.Б. (24) од Куманово. Повредите им биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на причините за несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK