СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Ж.К.(53) од село Костурино, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека пред два дена во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетно лице со пречки во развојот.
Истиот ден лицето беше лишено од слобода.
Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му била определена мерка притвор во траење од 30 дена.