Стара измама, нови жртви: Не наседнувајте ако добиете повик дека ваш близок предизвикал сообраќајка и ви бараат пари

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повторно активна измамата со лажните сообраќајни несреќи. Нови жртви се двајца пензионери, а по измамниците се трага.



Измамникот вели дека ваш близок член на семејството предизвикал сообраќајка со смртни последици и ви бара пари за да биде итно ослободен. Не наседнувајте бидејќи тоа не е вистина.

Нова жртва е 84-годишен маж од Скопје кој во МВР пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице. Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски пријавителот ѝ му кажал дека неговата внука направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека треба да се сретнат за да плати одредена сума за таа да биде ослободена. Откако ги дале парите, пријавителите сфатиле дека се измамени.

Последна жртва е 75-годишна жена од Скопје која истотака вчера во полицијата пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавителката, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати одредена сума за нејзината ќерка да биде ослободена, по што пријавителката ги оставила парите и личниот накит на локација која што и била претходно телефонски кажана.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK