Сопружници се двајцата загинати кои вчера со возило излетаа во провалија на Галичица

IMG_0179.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Од СВР Охрид информираат дека синот на сега починатите лица, ден претходно пријавил оти неговите родители вечерта околу 22 часот со возилото се оддалечиле од домот

Сопружниците М.Х. (59) и М.Х. (56) од Ресен се двете лица кои вчера со возилото излетале во провалија на планината Галичица.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, вчера околу 13 часот на патот Охрид – Отешево, полициски службеници со помош на параглајдеристи пронашле автомобил „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, а починатите лица биле најдени во близина на возилото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а телата се дадени на обдукција. На местото на несреќата бил извршен увид.

Од СВР Охрид информираат дека синот на сега починатите лица, ден претходно пријавил оти неговите родители вечерта околу 22 часот со возилото се оддалечиле од домот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK