Денеска во 03.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(57) од Тетово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ш.С.(46) од с.Мала Речица-тетовско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.