Сообраќајна незгода на магистралниот пат Градско-Прилеп, четворица повредени

Уште-едно-убиство-во-Македонија-56-годишен-маж-застрелан-во-близина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 06.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред авто сервис во Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот В.С. од село Кравари, битолско, и автобус „темса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот Т.О. од Кавадарци, извести МВР.


„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.П. (63), а 60-годишната Л.К., Д.П.(70) и М.А.(49), сите од Битола, патници во комбето, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци“, соопшти МВР.

По насоки на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK