Сообраќајна несреќа на патот Тетово-Јажинце, двајца се повредени

Сообраќајна-несреќа-на-патот-Тетово-Јажинце-двајца-се-повредени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 08.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во тетовско Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген туран” со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.З.(45) од тетовско Доброште и патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(63) од тетовско Теарце.



Во несреќата, возачот на возилото „фолксваген туран” се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило И.М.(33) од тетовско Јажинце се здобил со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK